Се консумира само за појадок, а моќно и ефикасно го регулира холестеролот, шеќерот во крвта и тежината
Појадокот е најважнот оброк од денот, кој не треба да го пропуштиме, а според нутриционистот Сара Елдар, неопходно е појадокот да биде балансиран, за да се зголеми нивото на енергија на самото тело.
Токму следниот рецепт за здрав појадок е совршената можност за идеален почеток на денот, кој ќе ви помогне правилно да ги согорите калориите, да му дадете енергија на вашето тело, а воедно и ефикасно да го регулирате холестеролот, нивото на шеќер во крвта и да се ослободите од вишокот килограми.
Во продолжение прочитајте како да го подготвите истиот.
Домашен напиток за регулирање на холестерол и шеќер во крвта
Потребни состојки
- 1 шолја овес
- 4 супени лажици семиња од чиа
- 2 чаши вода
- 2 супени лажици мед
- 1 кафена лажица цимет
Начин на подготовка и употреба
Исипете ја водата во сад, додадете го циметот и веднаш штом водата ќе започне да врие, намалете ја топлината и додадете го овесот. Варете 5 минути, а потоа отстранете го садот од оган. Покријте го и оставете го да отстои 5 минути.
Промешајте и додадете ги семињата од чиа и медот и насладувајте се на вкусниот појадок!