Најефикасниот рецепт за домашна крема против брчки, која совршено ги заменува и најскапите производи за лице
Денес ви откриваме еден уникатен италијански рецепт за домашна крема против брчки, која покрај тоа што ќе ги ублажи и сокрие знаците на стареење, воедно совршено ќе ја хидратира кожата.
Според бројните дами кои веќе ја пробале кремата, истата одлично ги заменува најскапите купечки креми за лице. Еве како да ја подготвите уште денес.
Домашна крема против брчки
Потребни состојки
- 1 супена лажица бадемово масло
- 1 супена лажица кокосово масло
- 3 супени лажици пчелин восок
- 2 супени лажици зелен чај
- 3 капки етерично масло од лимон
- 1 капка етерично масло од мандарина
Начин на подготовка и употреба
Најпрво измешајте го бадемовото и кокосовото масло, а следно додадете 100% природен пчелин восок во смесата. Добро измешајте ги состојките, а потоа додадете го зелениот чај, како и маслата од лимон и мандарина.
Добиената смеса преместете ја во тенџере и загрејте ја на водена пареа. Мешајте ги состојките, додека не добиете една добро соединета смеса. Доколку има грутки во истата, можете да употребите миксер за оваа цел.
Оставете ја кремата да се излади, а потоа преместете ја во соодветна кутија за крема. Користете ја кога и да посакате, а ефектот ќе биде освежено лице без брчки и несовршености.