Сите знаеме колку штетна е солта за нашето тело, доколку ја консумираме во прекумерено количество. Но, истовремено, едно јадење без сол, едноставно не е вкусно.

Иако повеќето рецепти содржат умерено количество на сол, на секој од нас му се случило, ненамерно да додаде многу повеќе од потребното. За таа цел, денес ви откриваме 3 итри начини како да ја спасите пресолената манџа:

1. Компири

Доколку ненамерно сте претерале со додавањето на сол во супата или манџата, лесно поправете ја грешката со додавање на исечени компири, зеленчуци или фиде во јадењето. Доколку не може да додадете повеќе зеленчуци, додадете изматена белка, која брзо ќе го апсорбира поголемото количество на сол од течноста.

2. Кисела состојка

Пресоленото јадење со месо, риба или пресолен сос може да го спасите со додавање на кисела состојка во истото, како лимонска киселина, оцет или сенф. Сепак внимавајте да ја додадете киселината капка по капка, за да не го уништите јадењето.

3. Шеќер

Шеќерот, медот, како и слатките зеленчуци како што се морковите, ќе помогнат во отстранување на вишокот сол од сосовите или супата. Исто како и киселите состојки, и слатките состојките е потребно да ги додадете малку по малку.