Како јас ги кинам уште вториот ден, а некој носи хулахопки со недели?
Секоја жена сака да ги носи хулахопките повеќе време. Но, за жал, уште на второто или третото облекување по нив се појавува грда линија и треба да ги фрлите. Но, има еден едноставен трик, кој ќе Ви помогне да го продолжите животот на вашите омилени хулахопки! Денес ќе Ви кажеме што да направите, за да ја зголемите нивната отпорност.
Се што треба да направите е само да ги замрзнете хулахопките!
Да, тоа звучи малку лудо, но мора да го пробате овој метод. Следниот пат, кога ќе купите нови хулахопки, ставете ги во замрзнувач. По нивното замрзнување, одмрзнете ги и оставете ги да се исушат.
На овој начин ќе ги зајакнете влакната на хулахопките и тие ќе траат подолго од обично.
Обидете се и споделете го овој трик со пријателките.