„Ја видов мајка ми како складира мелено месо во калапи за лед и се зачудив, но откако разбрав зошто, започнав и јас“
Меленото месо е еден од производите кои може да се складираат во замрзнувачот. Најверојатно го замрзнувате цело или на делови. Но, овие методи и не се многу практични, особено кога треба брзо да приготвите нешто.
Дури и со помошта на различни трикови за одмрзнување, повторно ќе немате доволно време.
За да го направите целиот процес многу поедноставен, од голема помош ќе ви биде следниот златен трик.
Полнење на калапите за лед
Доколку имате стандарден калап за лед, тогаш треба да употребите проѕирна фолија, а секоја коцка наполнете ја со месо. Покријте го меленото месо и одозгора со фолија и складирајте во замрзнувачот.
Најдобро е да употребите силиконски калапи, за кои нема да ви биде потребна фолија.
На овој начин може лесно да го замрзнете меленото месо и во форма на ќофтиња, а потоа брзо да ги испржите кога ќе биде потребно