Нема повеќе мувла во бањата – Најлесниот начин како да го решите овој проблем
Доколку веќе подолго време барате начин како да се ослободите од мувлата во вашата бања, која и не е толку редок проблем, денес ви го претставуваме најлесното решение.
Трик за брзо отстранување на мувлата во бањата
Пред да започнете со работа, плочките треба да бидат измиени со тушот. Не заборавајте да ги заштитите вашите раце со соодветни ракавици.
Потоа измешајте неколку лажици сода бикарбона во пластичен сад и разредете ја со обично белило, до добивање на соединета паста.
Со помош на стара четка, добиениот раствор нанесете го на потребните места и на овој начин отстранете ги наталожените слоеви.
Потоа земете памучни туфери, потопете ги во белило и поставете ги на местата, каде што има мувла. Оставете така да отстои во текот на целиот ден или целата ноќ.
На крај, едноставно измијте го остатокот со вода.