Како да ослабнеме со чаша вода – Тајната на јапонските лекари: Најбрзиот и најбезбеден начин за топење на килограми
Сите имаме слушнато за разни диети, од протеински до диети само со јаглехидрати, имаме дури и диети според хороскопскиот знак на луѓето. Но, денес ви претставуваме нешто многу поразлично.
Станува збор за метод на јапонските лекари, кои ни откриваат како брзо да ослабнеме само со чаша вода. Методот е навистина револуционерен и многу лесен за практикување, а во продолжение прочитајте како да го примените.
Јапонски метод за слабеење
Најпрво, наутро штом ќе станете од спиење, веднаш треба да испиете чаша обична вода, а потоа да ги измиете вашите заби. Течноста, испиена на празен стомак, ги отстранува токсините од телото и ја стимулира работата на метаболизамот и цревата.
Потоа се препорачува да појадувате по 45 минути. Водата која веќе сте ја испиле ќе го намали чувството на глад и така ќе изедете помала порција појадок.
По овој успешен чекор, потребно е да се воздржите од консумирање на било каква храна во следните 2 часа. Во текот на денот, пред да решите да јадете, се препорачува да испиете околу 200 мл вода.
Исто така погрижете се храната да биде балансирана и да се движите повеќе. На овој начин, за 1 месец, нивото на шеќер во крвта ќе се нормализира, стомачните киселини ќе исчезнат и вишокот килограми постепено ќе се стопи.