Меган Маркл и Хари ја напуштаат Канада
Меган Маркл и принцот Хари веќе ги променија своите планови и веќе ова лето ќе се преселат да живеат во Лос Анџелес. Според внатрешни извори, парот веќе ги контактирал осигурителните компании кои ќе им ја средат преселбата.
Прекрасната актерка, која според многумима има желба да се врати на нејзината поранешна професија, веќе има направено долг список за тоа каков ќе биде нивниот иден дом.
Според американските медиуми, оваа одлука не е никакво изненадување, со оглед на фактот што Дорија Регланд, мајката на Меган живее токму во Лос Анџелес, а како второ, откако стана член на кралското семејство, војвотката ја занмари својата професија, па сега очигледно сака повторно да им се врати на актерските води.