Народната медицина се состои од, на прв поглед, многу чудни комбинации, но кои соединети заедно, имаат неверојатна лековита моќ. Токму ваква е и следната комбинација.

Станува збор за раствор од јод и лук, кој брзо и целосно ги заздравува раните и модринките и ефикасно ги отстранува габичките и проширените вени. Растворот има извонредно дејство благодарение на регенеративните и обновувачки својства на јод и способноста на јодот да ги ублажува воспаленијата и да ги отстранува штетните материи од организамот.

Еве како едноставно да го приготвите растворот.

Чудесен раствор против рани, модринки, габички и проширени вени

Потребни состојки

  • 3-4 чешниња лук
  • 30 мл јод

Начин на подготовка

Исечете го лукот на ситно и додадете го во соодветен сад, а потоа истите полејте ги со јод. Добро измешајте ја смесата и оставете ја да отстои на темно место за 1 недела. Потоа исипете ја добиената течност во шише со темно стакло и употребете ја кога ќе ви биде потребно.

Начин на употреба

Растворот е наменет само за надворешна употреба, а ефикасно лекува рани, плускавци и модринки. Болката и чувството на неудобност исчезнуваат веднаш, а модринките по само неколку дена.

Исто така, чудесниот раствор може да го употребите за лекување на габички на ноктите и проширени вени. Воедно, растворот употребувајте го само 2-3 пати неделно, но не и повеќе.