Родена да привлекува погледи: Кралицата Летиција воодушеви со нејзиниот кадифен син фустан
Шпанската кралица Летиција едноставно е невозможно да остане незабележана кога ќе се појави на некој настан. Нежна, женствена, природна и со топла насмевка, кралицата успева секогаш да го привлече вниманието како со магнет.
Сега на нејзиното најново појавувње во јавноста со кралот Фелипе, Летиција успеа да ги освои и најстрогите модни критичари, носејќи извонредна кадифена креација во сина боја, со која изгледаше повпечатливо од било кога.