Вксуните лепчиња со кашкавал се многу лесно јадење за подготовка, на кое никој не може да му одолее. Но, наместо да го рендате кашкавалот одозгора, денес ви предлагаме еден поуникатен начин.

Печени лепчиња со кашкавал – Наместо да го рендам кашкавалот одозгора, ги потопувам во оваа смеса и тие се топат во уста!

Вксуните лепчиња со кашкавал се многу лесно јадење за подготовка, на кое никој не може да му одолее. Но, наместо да го рендате кашкавалот одозгора, денес ви предлагаме еден поуникатен начин.
Пробајте да ги панирате лепчињата во пиво! Звучи лудо, но резултатот ќе ве воодушеви
Total Time30 minutes
Course: Breakfast
Cuisine: American
Клучни зборови: кашкавал, лепчиња, печени лепчиња, пиво
Servings: 4

Ingredients

  • 4 парчиња леб
  • 50 гр путер
  • 50 гр брашно
  • 250 мл темно пиво
  • 250 гр изрендан кашкавал
  • 2 кафени лажици сенф
  • 2 супени лажици Ворчестер сос
  • сол
  • мелен црн пипер

Instructions

  • Во длабок сад растопете го путерот и додадете го брашното. Непрекинато мешајте 2 минути, а потоа внатре налејте  го топлото пиво и брзо промешајте до добивање
    на густ сос без грутки.
  • Следно, додадете го кашкавалот и продолжете со мешање, додека истиот да се растопи. Сега сосот ќе биде густ и сладок.
  • Додадете внатре сенф, Ворчестер сос, сол и мелен црн пипер, измешајте и отстранете ја смесата од оганот.
  • Потопете ги лепчињата во добиената смеса, брзо извадете ги и поставете ги на решетка или во соодветен сад и следно поставете ги да се печат до добивање на златна боја.