ТЕСТ: На кој стол ќе седнете? Вашиот одговор открива колку сте среќни во љубовта
Замислете ја следната ситуација. Влегувате во кафуле и забележувате три празни столови покрај шанкот. Кој ќе изберете, на кој стол ќе седнете?
Погледнете ја следната фотографија, добро размислете за ваквата сцена и изберете еден стол. Вашиот одговор открива колку сте среќни во љубовта.
Значењето на вашиот избор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.
Одговори:
Стол бр. 1
Вие сте отворена, чесна и искрена личност. Имате голема самодоверба и не дозволувате негативните мисли да го преземат вашиот ум. Исто така, слепо му верувате на вашиот партнер и му ја давате слободата која му е потребна. Но, во замена очекувате многу. Затоа еден ден сте среќни, а друг ден, разочарани од вашата врска и љубовен однос.
Стол бр. 2
Вие сте лојална и посветена личност. Умеете да се контролирате многу добро, а кога ќе се вљубите, вашето тело и срце се посветени само на тој човек. Имате доверба во партнерот и секогаш сте до него, во тешки времиња. Плачењето и бегањето од проблемите не е ваш стил и затоа во љубовта се трудите секогаш да бидете нежни и чувствителни, односно имате среќна врска.
Стол бр. 3
Вие сте личност, која на прв поглед, изгледа мистериозно. Тоа е затоа што се плашите да се отворите пред партнерот, можеби заради претходно лошо искуство. Сепак и покрај бурното минато, сте спремни да вложите во идната врска. Страстен љубовник сте, а за целосно среќа само треба да го надмините стравот од искажување на чувства.