Колку време е потребно да им дадете на вашите нокти одмор од гел лакот? Дали тој одмор е воопшто неопходен? Еве што велат експертите.

Некои специјалисти велат дека одморот од гел лакот е задолжителен, додека пак други велат дека не е. Сепак, на крај тие се едногласни дека ова правило всушност зависи од самите нокти. Доколку вашите нокти се сосема здрави, тогаш ним нема да им биде потребен одмор, но доколку се кршливи и слаби, сепак истиот би бил задолжителен.

И за да вашите нокти бидат здрави и убави, неопходно е вашата козметичарка да направи правилно отстранување со електрична турпија, а не со течност за отстранување на гел лак, бидејќи истата ќе ги исуши ноктите и кожата околу нив.

Што доколку вашите нокти се слаби со оштетена плочка?

Во ваков случај, задолжително не ги лакирајте вашите нокти во период од 2-3 месеци, додека плочката која била покриена со гел лак целосно не заздрави и не се обнови. Во текот на овој период неопходно е да нанесувате лакови со лековити својства и масла за нив и кутикулите, воедно да правите закрепнувачки купки.

Овие процедури ќе ги вратат во живот вашите нокти.