Војник демонстрира како само со притиснување на една точка, крвниот притисок се намалува за секунди
Војниците неретко се соочуваат со екстремни ситуации, во кои од нив се бара брзо да реагираат. Токму за оваа цел, тие знаат одредени клучни точки на телото, кои доколку се притиснат, брзо ќе ја ублажат болката.
Една од овие тајни точки, која ја открива војник кој работи во службата повеќе од 20 години, е поврзана со крвниот притисок. Според него, точката се наоѓа на врвот на средниот прст и доколку врз истата се направи акупресура, крвниот притисок може брзо да се намали.
Кога на човек ќе му се зголеми крвниот притисок, неговото дишање се отежнува или се соочува со потемнување на видот и тогаш е потребно да земе остар предмет (молив, пенкало, ќибрит), да ја протегне левата рака и да го притисне врвот на средниот прст.
Треба да се натисне силно за неколку секунди, да се направи мала пауза, па потоа повторно да се притисне. Акупресурата треба да трае вкупно 1 минута.