Оваа жена открива како симна рекордни 60 кг за 8 месеци и стана Мис Бугарија
Ирина Белчева е горда сопственичка на титулата Мис Бугарија. Русокосата убавица совлада вистински предизвик за да може да учествува во конкурсот и на истиот да победи.
Претходно Ирина тежела цели 108 килограми, а денес тежи 48. Нејзиното слабеење е вистински рекорд, кога во предвид ќе се земе дека ослабнала за неверојатни 8 месеци.
Таа е родител на 2 деца и признава дека и пред да стане мајка, едноставно имала лоша навика секојдневно и прекумернео да консумира нездрава храна. Во еден момент се погледнала во огледало и одлучила дека не сака да продолжи на овој начин.
„Не станува збор за суета, туку во прашање е здравјето. Прекумерената тежина бавно, но сигурно те разболува и убива. Цел живот сум имала волја, каква што малкумина имаат. Голем инат дури можам да речам. Кога пред себе ќе си поставам цел, ништо не може да ме спречи да ја остварам.“- вели Ирина.
Токму таа одлучила да се ослободи од вишокот килограми, а резултатот е и повеќе од воодушевувачки.
Методот за слабеење на Ирина
Методот на мисицата е многу едноставен. За да успешно го следите и примените, најпрво треба да се откажете од 3-те бели отрови: Белиот шеќер, белото брашно и белата сол.
Благо може да се консумира, но само мед или кафеав шеќер. А солта е најдобро да биде хималајска розова сол. Доколку го исполните овој чекор, половина од вашата цел веќе ќе биде исполнета.
Покрај ова, мисицата открива дека била подложена на цикличен глад т.е еднаш неделно, избира ден во кој не консумира ништо, односно 24 часа не јаде ништо. Пие само вода, чај без засладувачи и вода со сок од лимон. Кога организамот е добро хидратиран, тој не бара храна. Дури и ги прочистува вишокот токсини и штетни материи од себе.
Порциите во дневното мени треба да бидат сосема мали, големина колку една тупаница. Се јаде често, но помалку, а тоа придонесува за забрзување на метаболизамот, што е еден од основните услови за ефикасното и квалитетно слабеење.
„Добро е пред секое слабеење, човек да се консултира со својот лекар.“ – советува Ирина.