Стилот е нејзиното второ „јас“: Кејт Мидлтон со неверојатен елегантен изглед повторно го докажа својот кралски вкус
Штом ќе се спомне стил, вкус и висока класа, некако веднаш на повеќето на ум им доаѓа прекрасната војвотка Кејт Мидлтон. Каде и да се појави, таа секогаш плени со неверојатен моден изглед.
И овој пат, ова не беше исклучок. Оваа недела, при посета на болница за ветерани, заедно со својот сопруг, како и принцот Чарл и Камила, војвотката Кејт избра да облече софистициран костум од дизајнерот Александар Меквин, кој беше нејзиниот омилен и со кој му оддаде почит, по повод 10 години од неговата смрт.
Погледнете ја отмената модна комбинација: