„Изгледам како на 30, а веќе сум на прагот на 50-та година, но мојата тајна состојка – киселото млеко како ураган ги елиминира брчките“
Постојаната изложеност на ултравиолетови зраци, како и влијанието на хормонските промени се основните и најчести причини за појава на несовршености на лицето, како и прерана појава на брчки.
Иако постојат бројни козметички производи и третмани на пазарот, сепак многу од истите се скапи и не секој може да си ги дозволи. Токму за оваа цел, денес ви претставуваме подеднакво ефикасно решение, без да му наштетите на вашиот домашен буџет.
Станува збор за маска за лице со кисело млеко со моќен ефект која чудесно се бори против брчките и останатите непријатни знаци на стареење. Во продолжение прочитајте како може уште денес да ја приготвите дома.
Домашна маска од кисело млеко со моќен подмладувачки ефект
Потребни состојки
- 6 таблети аспирин
- ¼ шолја кисело млеко (50 гр)
- 2 супени лажици мед (50 гр)
Начин на подготовка
Најпрво истолчете го аспиринот, до добивање на прав. Потоа, откако истиот ќе го поставите во чист сад, додадете ги и киселото млеко и медот и добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на соединета смеса со кремаста текстура.
Начин на употреба
Пред да отидете на спиење, откако ќе ја отстраните шминката и добро ќе го измиете вашето лице, нанесете ја домашната маска врз засегнатите делови од истото, а исто така може да ја нанесете и на вратот и градите.
Оставете ја маската да отстои 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода. По миењето, направете лесни кружни движења врз кожата, со што дополнително ќе ги отстраните мртвите клетки.
На крај нанесете соодветен крем за лице со навлажнувачки ефект. Користете ја маската 3 пати неделно.