Почина актерка од популарната серија „Сек*от и градот“
Познатата актерка Лин Коен почина на 86-годишна возраст. Причината за трагичниот случај се уште не е позната, како ниту датумот и местото за нејзиниот погреб.
Коен е родена на 10-ти август 1933-та година. Во текот на 70-те години започнала да учествува во бројни театарски драми, а во 1990-та година дебитирала на сцената на Бродвеј.
Благодарение на нејзината улога во хит серијата „Се*сот и градот“, во која беше позната како домаќинката Магда, Лин се стекна со огромна популарност, при што потоа глумеше и во останати популарни серии како „Закон и ред“ и „Игрите на гладот“