„Откако ја мијам косата со мед, заборавив на нејзиното замастување – Свилено мека и се чешла совршено, не користам ниту балсам“
Без сомнеж, домашните производи се значително подобри и поздрави од купечките, бидејќи не се токсични, не содржат хемикалии, нешто за кое треба да бидеме посебно внимателни кога станува збор за косата.
За сите видови на коса и скал постои едно единствено и најдобро решение – домашен шампон со мед. По неговата употреба, ќе немате потреба да нанесувате никаков балсам. Воедно вашата коса ќе стане совршено мека, ќе може да ја миете поретко, да го зајакнете нејзиното здравје и конечно да му ставите крај на проблемот со пречестото мастење.
Домашен шампон со мед против масна коса
Потребни состојки
- 1 супена лажица мед
- 3 супени лажици вода
- Неколку етерични капки масло по ваш избор
Начин на подготовка и употреба
Најпрво измешајте го медот со водата, а потоа додадете и неколку капки етерично масло по ваш избор, доколку имате. Сега, откако домашниот шампон ќе биде готов, нанесете неколку капки од истиот на влажен скалп. ,
Не се грижете за косата, едноставно нанесете ја смесата врз скалпот и добро исплакнете. Нема потреба да го складирате шампонот, туку пред секое миење на косата да приготвувате нова свежа смеса.
Додека вашата коса да се стабилизира и нормализира, првата недела ќе биде потребно секојдневно миење со шампонот.