3 лесни домашни вежби за супер затегнат задник – Доволни ќе ви бидат само 10 минути на ден
Речиси и да не постои жена која не сонува за совршен и затегнат задник, особено веќе кога станува збор за истакнување на телото во омилениот фустан или костим за капење.
Токму за оваа цел денес ви откриваме како со само 10 минути дневно да ја постигнете посакуваната совршена форма на задник, правејќи го истиот затегнат и одлично обликуван, благодарение на овие 3 многу лесни вежби за правење.
Вежба бр. 1
Почетна положба: Легнете на работ од креветот, така што нозете да висат под прав агол во воздух, а стапалата да бидат свртени кон таванот. Добро протегнете ги нозете и со наизменично свиткување на колената, активирајте ги мускулите на задникот.
Вежба бр. 2
Почетна положба: Седнете на подот, протегнете ги рацете секоја на своја страна и така со рамената исправени потпрете се на креветот. Следно, започнете да го кревате вашето тело нагоре, под прав агол, без да ги движите рацете и нозете, односно само кревајте го задникот.
Вежба бр. 3
Почетна положба: Потпрете се на вашите раце и нозе, на подот, а потоа исправете ја едната нога назад, како да туркате нешто замислено со истата. На овој начин, наизменично кревајте ги нозете.