Со причина и на 20 и на 60 години: Која е најдобрата возраст за третман со ботокс?
Често поставувано прашање е: „Кога е соодветно да направам третман со ботокс?“, а одговорот на прашањето варира од личност до личност. Затоа што едноставно ботокс третманот се прави кога имате потреба од тоа. За некои луѓе, ова може да значи започнување на третманот со ботокс веднаш во раните 20-ти, ако се склони кон брчки и сакаат да ги спречат да се појават.
Не постои горната старосна граница за луѓе кои сакаат да направат третман со ботокс. Всушност, многу жени уживаат во освежениот изглед што можат да го добијат од ботокс и комплементарни третмани кога се во 60-тите години од својот живот или постари.
Ботокс во вашите 20-ти – превентивна мерка за спречување на брчките кои ќе се појават со годините
Бидејќи на оваа возраст веројатно ќе имате неколку брчки, можеби сте добар кандидат за „бебе-ботокс“, односно ситуации во кои се користат помали количини на ботокс. Брчки во 20-тите не се табу тема. Жените најчесто ги забележуваат кога ќе се: намуртат, мижат или се насмевнуваат.
Тие се познати како динамични брчки бидејќи се појавуваат само кога ги придвижувате мускулите на лицето. Значи, дека ботокс на оваа возраст е мерка за да спречите појава на брчки во иднина.
Ботокс во вашите 30-ти – третирајте ги раните брчки пред целосно да се „населат“ на вашето лице
Ако сте во вашите 30-ти, веројатно е дека веќе сте ги забележале првите фини линии и брчки. Повеќето жени нема да развијат постојани длабоки линии и брчки до доцните 30-ти, па ова може да биде добро време да се примени третман со ботокс. На оваа возраст, брчките имаат тенденција да бидат видливи дури и кога не правите изрази на лицето – особено околу веѓите и очите.
Сончање, пушење и пиење алкохол, сите може да предизвикаат предвремени брчки. Сепак, една од клучните причини за појава на брчки кај луѓето во нивните 30-ти е стресот.
Ботокс во 40-тите години – третирајте ги брчките пред да станат длабоки
Кога ќе ги достигнете 40-тите години, веројатно ќе имате подефинирани брчки. Ова е затоа што, како што старееме, потребно е подолго време за да се регенерираат клетките на кожата и колагенот и еластинот на нашата кожа почнуваат побрзо да се распаѓаат. Според истражувањата 60% од корисниците на ботокс се на возраст меѓу 40 и 54 години, што значи дека кај оваа возрасна група ботоксот е најпопуларен, но не е единственото „правилно“ време за третман со ботокс.
Природното стареење е една од клучните причини за појава на брчки во вашите 40-ти. Затоа и ботоксот е најбрзо и најефикасно решение за оваа ситуација. Не заборавајте дека треба третманот треба да го извршите во ординација со реноме и истиот да биде направен од страна на професионални дерматолози.
Ботоксот во 50-тите години – ги ублажувате длабоките брчки пред да станат премногу истакнати
До 50 години, многу брчки се длабоко поставени и текстурата на кожата прилично се менува. Веројатно ќе започнете да гледате старосни дамки како резултат на оштетување на сонцето и да забележите висната кожа бидејќи нејзините нивоа на колаген и еластин продолжуваат да опаѓаат со зголемувањето на возраста. Менопаузата има значително влијание врз кожата исто така.
Ботоксот е особено ефикасен во лекувањето на намуртените линии помеѓу очите кај жените во нивните 50-ти години, но на другите области на лицето можеби им треба дополнителна помош. Ботоксот може да се комбинира со други третмани, како што се дермални полнила за да се намалат длабоките брчки.
Ботокс во 60-тите години – ги ублажува линиите и брчките за суптилен и посвеж изглед
Многу жени во 60-тите години сакаат да изгледаат „посвежи“ и „помалку уморни“ со нехируршки козметички третмани. Ботоксот – честопати комбиниран со други третмани на оваа возраст – нуди идеален начин за подобрување на она што го имате веќе, отколку целосно да го трансформирате изгледот.
Дури и ако целиот свој живот внимававте на вашата кожа, до моментот кога ќе достигнете 60 години, постепеното разложување на колагенот (што започнува во 20-тите години) значи дека веројатно имате брчки. Обемот на брчките ќе зависи од тоа колку добро сте се грижеле за вашата кожа. Ако сте пушач, редовно пиете алкохол или уживавте во сончање, веројатно ќе имате повеќе брчки.
Не постои горна граница на возраста за ботокс, така што возраста не треба да ве спречува да го поминете третманот. Доколку размислувате за ваква процедура месецот на љубовта и месецот на жената ви носат шанса која не треба да се пропушти.
Ординацијата Д-р Анчевски ви нуди третмани со ботокс по намалена цена. Искористете го периодот до 10 Март, јавете се, закажете термин и подарете си го лицето без грижи кое го заслужувате.