Еве како успешно и лесно да засадите лимон од семки, во домашни услови
Може сами да го одгледате ова прекрасно растение во домашни услови, само е неопходно да запазите неколку едноставни и основни чекори. Потребни ви се семки од обичен лимон.
Кога засадувањето ќе биде успешно, ќе може растението да се искористи како основа за засадување на плодно дрво, од кое ќе добиете многу плодови.
Основи чекори кои треба да ги запазите при засадувањето
- Исечете го лимонот со нож и отстранете ги семките. Доколку ги оштетите истите, нема да може да ги употребите, затоа бидете внимателни. Следно, измијте ги со вода, за да ја отстраните обвивката околу нив.
- Разделете го секое семе на половина, употребувајќи ги вашите нокти за оваа цел. Исипете ги семките во мал сад и полејте ги со малку вода. Потоа покријте со хартиена крпа, за да ја одржувате влажноста.
- Кога семките ќе изртат, посадете го во саксија со земја.