„Откако една пријателка ми го откри овој трик, веќе ништо не ми се залепува за садот при готвењето“
Може да ги премачкате садовите за печење, да ги покриете со хартија за печење, да нанесете брашно на нивната површина и сепак на крај, парче или дел од тортата повторно ќе се залепи за садот.
Денес ви откриваме една кулинарска тајна за универзално средство против лепење, благодарение на кој ќе ставите на овој чест проблем при готвењето.
Како да подготвите смеса против лепење при печење
Потребни состојки
- 1 шолја пченично брашно
- 1 шолја растопен путер
- 1 шолја сончогледово масло
Начин на подготовка и употреба
Најпрво со лажица или миксер изматете ги сите состојки. Доколку смесата стане премногу течна, додадете повеќе брашно. Складирајте ја добиената смеса во тегли со капаци и истите поставте ги во ладилникот, со што ќе можете смесата да ја употребувате 1 месец.
Пред готвењето, потребното количество од смесата треба лесно да се загрее и користејќи силиконска четка, да се постави врз површината на садот во кој ќе готвите.
Оваа смеса покрај за печењето на десерти, може да ја употребите и при печењето на печурки, зеленчуци, риба и месо во рерна.