Еве како се мери точната порција шпагети за 1 човек
Тестенините се омилено јадење на речиси секој, од најмалите до возрасните, а предноста при нивното готвење е тоа што може истите да се приготват и да се комбинираат со разни сосови, месо, зеленчуци, зачини итн.
Но, кога станува збор за шпагетите, поради нивната специфична форма, најчесто е тешко визуелно да се одреди колкаво количество од истите е точно за порција за 1 човек.
Токму за оваа цел, денес ви откриваме еден едноставен трик, со чија помош ќе ставите крај на оваа кулинарска мака.
Сè што ви е потребно е обично пластично шише. Грлото, односно отворот на пластичното шише ја мери точната проција шпагети за 1 човек, ни помалку, ни повеќе!