Денови пред мозочен удар телото нè предупредува: 4 знаци дека се наближува оваа појава
Мозочниот удар се смета за едно од најсериозните нарушувања на мозокот и една од најчестите причини за смрт, а се случува кога на мозокот започнува да му недостасува кислород и умира.
Бидејќи нашето тело е така создадено, однапред да ја сигнализира секоја болест, така истото, денови пред да се случи мозочниот удар, ни го најавува наближувањето на оваа појава преку следните 4 знаци:
1. Загуба на периферниот вид
Односно, гледате пред себе, но не и наоколу. Доколку овој проблем се развива постепено, може да биде индикатор за друга состојба, не за мозочен удар. Но, доколку почувствувате ненадејно нарушување на видот, во рок од секунди, потребно е да побарате лекарска помош.
2. Халуцинации
Халуцинациите може да бидат од секаков вид, од аспект на звук, слук и мирис. Доколку не примате силни лекарства кои влијаат на нервниот систем, тогаш халуцинациите се сигурен знак за изумирање на мозочните клетки, што ве предупредува да побарате лекарска помош.
3. Тешка главоболка
Главоболката се случува кај речиси секој и причините за нејзината појава се различни. Но, доколку чувствувате остри, силни и необични главоболки, кои се поразлични од оние кои обично ги имате, тогаш задолжително побарајте лекарска помош.
4. Недостаток на контрола врз телото
При мозочен удар најчесто се нарушуваат оние делови од мозокот кои се одговорни за контролата на телото. За да определите дали станува збор за оваа состојба, отидете пред огледалото и кренете ги и двете раце истовремено. Доколку едната рака се крене нормално, а другата не, побарајте лекарска помош.