Сите се изненадени од што напишал Кирк Даглас во неговиот тестамент
Гигантот на американската кинематографија, Кирк Даглас кој почина на 5-ти овој месец, на 103-годишна возраст, целото негово богатство им го препишал на хумантирарни организации.
Така, актерот Мајкл Даглас останува без ниту еден цент од неговиот татко, пренесуваат американските медиуми. Богатството на Кирк се проценува на 60 милиони долари, а сите средства биле префрлени на сметка на хуманитарните организации кои помагаат на луѓето кои немаат доволно за опстанок.
Дел од парите се предвидени и за Универзитетот „Сент Лоренс“, детската болница во Лос Анџелес и одредени социјални здруженија.