Тесто без јајца и млеко – Најмекото што постои: За пити, пица, кифли, буквално сè
Денес ви претставуваме рецепт за универзално тесто со квасец а без јајца и млеко, кое е одлично за пити, пица, кифли, ролати и слично, кое е толку меко, што буквално се топи во уста!
Тесто без јајца и млеко
Денес ви претставуваме рецепт за универзално тесто со квасец а без јајца и млеко, кое е одлично за пити, пица, кифли, ролати и слично, кое е толку меко, што буквално се топи во уста!
Ingredients
- 900-1000 гр брашно
- 500 мл вода
- 30 гр свеж квасец (или 10 гр сув квасец)
- 50 мл растително масло
- 1 супена лажица шеќер
- 1 кафена лажица сол
Instructions
- Здробете го свежиот квасец, а потоа кон истиот додадете го шеќерот и добро измешајте ги состојките.
- Налејте ја целата вода, која е неопходно да е топла, но во ниту еден слуај врела. Следно додадете 100 гр брашно од општото количество.
- Добро измешајте ја целата смеса брзо, за да не се формираат грутки. Покријте го садот каде се наоѓа смесата со крпа и поставете го на топло место 10-15 минути.
- Кога тестото ќе биде готово, додадете го растителното масло, солта и преостанатото брашно и замесете. Не го додавајте целото брашно наеднаш.
- Месете го тестото додека да започне да се одделува од садот и вашите раце. Истото треба да е меко, еластично и не многу тврдо.
- Премачкајте чист сад со растително масло, преместете го тестото во истиот и покријте со крпа. Потоа оставете го тестото да отстои на топло место, 40-50 минути. Тоа треба да се зголеми 2-3 пати.
- Готовото тесто може да го употребите за подготовка на било што, пити, пици, кифли, ролати, по ваша желба и вкус.