3-те едноставни навики кои секоја жена треба да ги практикува, за да ја спречи појавата на рак на градите
Светските лекари се едногласни и на жените ширум светот им препорачуваат да применуваат и практикуваат овие 4 работи секојдневно, за да значително го намалат ризикот од појава на рак на градите.
1. Консумирајте само висококвалитетна органска храна
Секојдневно консумирајте висококвалитетна органска храна, вклучувајќи го зејтинот и темнозелените лиснати зеленчуци. Преработената и брза храна се најчесто поврзуваат со појавата на рак на градата, па токму затоа менито полно со свежи зеленчуци и овошје може значително да им помогне на клетките да се зајакнат и да се изборат против оваа болест.
Голем број истражувања го докажуваат и моќниот ефект на зејтинот и рибиното масло за намалувњето на ризикот од појава на рак на градите.
2. Воопшто не консумирајте алкохол или пијте помалку
Повеќе од 7 чаши алкохол на неделно ниво значително го зголемуваат ризикот од појава на рак на градите, па затоа на жените им се препорачува да консумираат помалку алкохол, доколку не можат целосно да се откажат од истиот. Може да консумирате не повеќе од 2 чаши вино во текот на неделата.
3. Помалку стрес, подобар сон
Стресот и недостатокот на сон доведуваат до зголемување на телесната тежина, зголемување на нивото на шеќерот во крвта и зголемување на производството на естроген. Недостатокот на сон и прекумерениот стрес ја нарушуваат функцијата на имунолошкиот систем и детоксикацијата. Обидете се да спиете од 7 до 8 часа во текот на ноќта, да медитирате и практикувате јога и да печашите повеќе. Ова може значително позитивно да се одрази врз вашето здравје.