Д-р Људмила Емилова е една од најистакнатите нутриционисти во Бугарија и пошироко, која е популарна по нејзините ефикасни рецепти за зајакнаување на здравјето.

Нејзините рецепти помогнале на илјадници луѓе да го пронајдат на најлесен начин, патот до здравиот живот. Токму во сезоната на настинките и грипот, ви го претставуваме рецептот за нејзиниот прочуен меден сируп, благодарение на кој вашиот имунитет ќе стане челичен, брзо ќе ја излекувате здодевната кашлица и ќе го обновите и зајакнете вашето здравје.

Меден сируп

Потребни состојки

  • Лимони
  • 3 супени лажици домашен пчелен мед

Начин на подготовка и употреба

Исцедете неопходно количество на лимони, до добивање на 1 кафена шолја свежо цеден сок од истите. Следно, во сокот од лимон, додадете 3 супени лажици домашен пчелен мед. За да стане смесата хомогена, мешајте ги состојките на водена пареа.

Во ниту еден случај не дозволувајте смесата да зоврие, бидејќи тогаш медот би ги загубил неговите лековити својства.

Готовата смеса може да ја разредите со мало количество на вода и со бавни голтки, испијте ја истата 30 минути пред вашиот оброк.