Маж го победи ракот по втор пат и освои 4,6 милиони долари на лотарија
Американец двапати се излекува од рак, а сега освои неверојатни 4,6 милиони долари од државната лотарија во Орегон.
Стју Мекдоналд секоја недела купувал лотариско ливче и секогаш неговата сопруга му посакувала среќа. Но, еден ден, таа заборавила да го направи тоа и токму тој ден, мажот доби на лото.
„Секогаш имам среќа. Го победив ракот двапати, а сега и ова! Неверојатно!“ – вели Мекдоналд.
Тој одлучил да ја прими сумата веднаш, што значи дека ќе добие 2,3 милиони долари, а преостанатите 1,56 милиони ќе бидат оданочени. Мекдоналд лотариското ливче го купил во кафулето Ашли, кое ќе добие 1% од добивката, односно 46 000 долари.
„Бевме толку многу среќни кога дознавме дека сме го продале џекпотот. Делот од добивката ќе биде поделен меѓу вработените, кои секојдневно со задоволство ги служат гостите.“ – вели Тесра Конг, сопственичка на кафулето.