Рецепт за ќофтиња – Со неколку свежи компири и кашкавал, вкусната вечера е готова за минута време
Постојат секакви рецепти за ќофтиња – на скара, во рерна, полнети, во тава, но денес ви претставуваме еден поразличен специјалитет при кој филот всушност се поставува над месото, а чиј вкус никого не остава рамнодушен!
Рецепт за ќофтиња со компири и кашкавал
Постојат секакви рецепти за ќофтиња – на скара, во рерна, полнети, во тава, но денес ви претставуваме еден поразличен специјалитет при кој филот всушност се поставува над месото, а чиј вкус никого не остава рамнодушен!
Servings: 4
Ingredients
- 500 гр мелено месо
- 4 јајца
- 300 гр компири
- 200 гр кромид
- 50 гр мајонез
- 150 гр кашкавал
- По вкус сол
- По вкус мелен црн пипер
Instructions
- Сварете ги излупените компири до нивна средна подготвеност. Изладете ги и изрендајте ги, а потоа преместете ги во длабок сади додадете ги мајонезот, мелениот црн пипер и солта по ваш вкус и добро измешајте.
- Излупете го кромидот и исечете го на ситно. Запржете го кромидот во тава со сончогледово масло, до негово добивање на златна боја.
- Сварете ги јајцата, изладете ги и исечете ги на ситно, а потоа измешајте ги со мајонезот.
- Изрендајте го кашкавалот.
- Покријте го садот со хартија за печење и премачкајте ја со масло за готвење. Од меленото месо оформете плоснати ќофтиња, со дебелина од 1 цм и на мало растојание подредете ги во садот за печење. Тие треба да бидат еднакви по големина.
- Врз ќофтињата поставете го исечениот кромид, јајцето и изренданиот компир, а одозгора оформете решетка од мајонез, по ваша желба. На крај, нанесете го и ренданиот кашкавал.
- Вклучете ја рерната на температура од 180°C, да се загрее, а потоа внатре поставете ги ќофтињата да се печат 30 минути.