Режимот на Суреја од „Истанбулската невеста“, со кој актерката ослабна брзо и благодарение на кој има извонредна фигура
Прекрасната актерка од турската хит серија „Истанбулската невеста“, Асли Енвер, пред медиумите откри дека има ослабнато многу вишок килограми благодарение на т.н кето диета.
Таа целосно ги исклучила јаглехидратите од нејзиното мени и овој режим го смета за еден од најефикасните за здраво слабеење. При истиот, протеини и масти се консумираат во големи количества.
Во подготвувањето на режимот учествуваат видови на храна кои содржат високо количество на протеини и масти, а многу ниско ниво на јаглехидрати. Одличен пример за ваков вид на храна се месо, шунка, белка, полномасно сирење, урда, бела риба, морски плодови, скариди, млечни производи, ладно прецедени масла за готвење, маслинки, павлака, топено сирење и јаткасти плодови.
Покрај тоа што дневното мени треба да биде составено со овој вид на храна, исто така, неопходно е да се консумира големо количество на зеленчуци.
Единствено не се препорачува да се консумира овојше, зрнеста храна, тестенини, бобови растенија, компири и тиква.