6 грешки во надворешниот изглед кои нè прават помалку привлечни, без да сме свесни за тоа
Беспрекорниот и привлечен надворешен изглед се должни на разни фактори, како личниот вкус и грижата за себе. Но, постојат одредени мали работи, кои без да сме свесни, не прават помалку привлечни.
Еве кои се тие:
1. Облеката чија боја избледнеала
Што да направите: Исперете ја облеката со темна или црна боја во студена вода и при перењето додадете црно кафе или оцет, кои ќе ја зајакнат бојата на облеката.
2. Бела облека која го изгубила својот блескав изглед
Што да направите: Вратете го снежнобелиот изглед на вашата облека со додавање на хидроген, сода бикарбона или сок од лимон при нејзиното перење.
3. Панталони кои се премногу широки
Што да направите: Доколку воопшто не сакате да се откажете од овој дизајн на панталони, тогаш најдобро е да ги носите со спортски обувки, наместо со елегантни, како и со спортска блуза.
4. Првут на облеката
Што да направите: Првутот е знак дека нешто правиме погрешно. Можеби причината е недоволниот внес на витамини, но во секој случај, посетете соодветен специјалист кој ќе ви помогне да го решите проблемот. До тогаш, избегнувајте да носите темни алишта.
5. Премногу накит
Што да направите: Коко Шанел отсекогаш велела да го отстраниме парчето накит кое последно сме го ставиле пред изглегувањето од домот, бидејќи истото тоа секогаш е вишок.
6. Фамерки во помал број кои не одговараат на фигурата
Што да направите: Купете фармерки со вашиот точен број или едноставно избегнувајте ги моделите со премногу низок струк.