Со инвазијата на коронавирусот во Кина и неговото прошитување во други земји, сè повеќе луѓе започнуваат вистински да паничат, штом ќе почувствуваат покачена температура или некој друг од карактеристичните симптоми.

Како да ги разликуваме симптомите?

Грипот е остро инфекциско заболување, кое претставува едно од најзаразните инфекции. Од друга страна, коронавирусите се големо семејство на вируси, кои предизвикуваат заболувања, варирајќи од лесна настинка до потешки заболувања, како респираторен синдром и тежок остар респираторен синдром.

Во моментот во Кина владее нов коронавирус, кој претходно никогаш не бил идентификуван кај луѓето.

Симптоми

Новиот вирус во Кина кој ги заразува белите дробови всушност лесно може да се измеша со грипот.

Најчести симптоми на коронавирусот се:

  • Треска
  • Сува кашлица
  • Недостаток на воздух
  • Замор

Поретко среќавани симптоми се: Главоболка, плукање на крв, растројство.

Нетипични симптоми се: Течење на нос и болки во грлото, кои се карактеристични за воспаление на горните дишни патишта. Луѓето на кои им тече носот и киваат, најверојатно имаат настинка или грип.

Како да го разликуваме кинескиот коронавирус?

Пациентите немаат настинка, бидејќи вирусот директно ги поразува долните дишни патишта.

За разлика од грипот, коронавирусите не се многу заразни, бидејќи повеќето луѓе имаат имунолошки систем, отпорен на инфекции.

Грипот има краток инкубационен период од 1 до 2 дена, при што во текот на овој период, дури и да нема знаци на заболувањето, самиот човек со грип е многу заразен и таков останува 1 недела.

Инкубациониот период кај коронавирусот е од 2 до 14 дена. Најдобра превенција е да стоите подалеку од луѓе, кои се заразени и задолжително и редовно да ги миете рацете со сапун.

Вообичаени симптоми на коронавирусот вклучуваат респираторни симптоми, треска, кашлица, проблеми со земање здив и тешкотии во дишењето. Во потешки случаи, вирусот може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт.

Грип или настинка? Разликите се мали

Настинката најчесто започнува со дразнење на грлото и течење на носот, а потоа се појавува и кашлица. Настинатиот човек може да има малку покачена температура, главоболка и малаксаност.

Вистинскиот грип го напаѓа човекот одеднаш. Се појавуваат главоболки и болки во зглбовите, сува кашлица и засипнатост, болки во грлото, висока температура до 41 степен, често пропратена со тресење. Човекот со грип толку нема енергија и апетит, што дури и не може да стане од кревет и постојатно се чувства поспан.

Обичната настинка поминува за неколку дена, а грипот трае минимум 1 недела.