Се наближува Меѓународниот ден на жената, кој секоја година светот го слави на 8-ми Март. На овој светски ден се одбежелува моќната борба на силните жени кои непрестано се борат да остварат политичка, економска и социјална еднаквост со мажите.

Токму поради моќта која ја носи овој светски ден, покажете им на посебните дами во вашиот живот дека им се возхитувате на нивната борбеност и дека сте им бескрајно благодарни за нивната пожртвуваност, со тоа што ќе ги израдувате со еден од следните 5 оригинални подароци, скроени за сечиј вкус:

1. Вредносен ваучер од ординација Д-р Анчевски

Доколку барате креативен и совршен подарок, ова е идеалниот избор за секоја пригода и за секоја дама. Широката палета на услуги и третмани во ординација д-р Анчевски овозможува голем избор на подароци за секого. Подарете со стил, а изборот оставете го на оној што најдобро знае што сака.

2. Елегантна чанта во бојата на 2020-та година

За дамите кои не можат да замислат да излезат од домот без чанта во кое е сокриено цело мало богатство од практични секојдневни и потребни работи, ви предлагаме да ги изненадите со елегантна дамска чанта во бојата на 2020-та година – сина кралска за вистинска кралица!

3. Нежен часовник за одличен почеток на пролетта

За дамите кои постојано брзаат и секогаш се презафатени со деловни состаноци, одличен подарок би бил модерен часовник со кој подобро ќе го организираат својот ден и своето време. Притоа, изберете часовник во нежна пастелна нијанса за истовремен прекрасен почеток на пролетта!

4. Со букет цвеќе и чоколадо никогаш нема да погрешите!

Доколку се двоумите и не сакате да погрешите со изборот на подарок, тогаш изберете ја класичната и безвременска варијанта – букет цвеќе и чоколадо, кое денес може и заедно да се комбинираат, а со тоа да бидат и најидеалниот подарок за вашата дама!

5. Уникатни чаши за специјални пригоди со пријателките

Иако повеќето мислат дека подарувањето на сет чаши е клише, вусшност во последно време огромен тренд на социјалните мрежи се чашите со модерни натписи на нив, со што имаат огромна популарност меѓу дамите. Фантастична идеја за подарок за вашите пријателки!