Повеќето луѓе денес работат на таков начин, што поголемиот дел од времето се принудени да седат поголемиот дел од времето, особено оние кои работат во канцеларија.

Долгото седење не само што негативно влијае врз здравјето, туку штетно се одразува и врз телесната тежина, со наталожување на вишокот килограми и масни наслаги.

Токму за оваа цел, денес ви претставуваме 3 лесни вежби кои може да ги практикувате дома или во канцеларија, а кои посакуваните резултати ќе ги дадат по само 2 недели.

1. Двојно кревање на колена

Седнете на стол, исправете го грбот и со двете раце фатете го столот, од двете страни. Следно, свиткајте ги колената и кренете ги кон градите. Задржете така малку време, а потоа бавно спуштете ги колената на под, но без истиот да го допирате. Потоа, повторно кренете ги колената кон градите.

Повторете 10-20 пати.

2. Наклон

Седнете на стол, вашите стапала треба да го допираат подот. Следно, со рамената и рацете наведнете се кон напред и со нежно протегнување на телото, обидете се со левата рака да го допрете десното стапало. Задржете се во оваа положба неколку секунди, а потоа вратете се во првобитната позиција. Следно, повторете го чекорот за спротивните страни.

Повторете 20-30 пати.

3. Колено кон лактот

Седнете на стол со исправен грб. Поставете ги рацете на задниот дел од главата. Следно, кренете го десното колено и обидете се да го допрете левиот лакт со истото. Вратете се во првобитната положба и повторете за левото колено и десниот лакт.

Направете по 15 повторувања, за секоја страна поединечно.