4 едноставни трикови како батеријата на телефонот да не ви се празни толку брзо
Брзото празнење на батеријата е еден од основните проблеми на денешните модерни телефони. Навистина е проблем да чекате важен повик, а токму во тој момент телефонот да ви се исклучи.
Постојат 2 решенија за овој проблем: Да се купи паметен телефон со поголема батерија или батеријата да се користи поефективно.
Денес ви откриваме 4 едноставни трикови како вашата батерија да издржи цел ден, да не се прзни пребрзо – трикови со кои ќе заштедите нерви!
Како правилно да ја полните батеријата на телефонот?
Најчесто, повеќето од нас, ја ставаме батеријата да се полни навечер и така ја оставаме до следното утро. Тоа е погрешно, бидејќи повеќето батерии се полни веќе по само 3 часа. Со нејзиното полнење предолго време од потребното, се намалува нејзиниот максимален капацитет.
4 причини зошто батеријата се празни премногу брзо
Престанете да ги правите овие 4 работи на телефонот, со цел да го спречите пребрзото празнење на батеријата:
- Пречесто го носите телефонот во рацете – Поголемата топлина или студ значително го намалуваат капацитетот на батеријата.
- Екранот е вклучен на максимална светлина – Поставете ја на ниво удобно за вашите очи.
- Користете ја опцијата за вибрација само доколку тоа е навистина неопходно, бидејќи истата побрзо ја празни батеријата.
- Исклучете ги GPS, Bluetooth и Wi-Fi функциите, доколку во моментот не ги користите.