ТЕСТ: Изберете врата која најмногу ве плаши и откријте кој е вистинскиот пат до вашата среќа
Америкаснкиот психолог Клифорд Н. Лазар вели дека најчесто откривањето на вашиот вистински страв и она што навистина ве плаши, всушност е клучот до среќата.
Токму нашиот денешен тест ќе ви помогне да го откриете вашиот страв и лесно да го пронајдете патот до среќата.
Изберете која врата најмногу ве плаши. Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографијата.
Одговори:
Врата бр. 1
Вие сте неверојатно интелигентни и со вашиот аналитички ум, секогаш умеете реално да ги согледате работите. Сепак, имате изградено високи емотивни ѕидови, што ве попречува да се обврзете. Сепак светлината покажува дека постои среќа и надеж и тоа кај вашите најблиски и пријатели, кои ќе ви помогнат повеќе да се отворите и емотивно да се поврзете.
Врата бр. 2
Вие сте личност со слободен дух и живеете исполнето. Сепак, оваа врата го открива стравот од смртта, при што клучот до вашата вистинска и целосна среќа лежи во тоа да се посветите повеќе на вашето здравје, да се храните здраво, да спортувате и да бидете безгрижни.
Врата бр. 3
Доколку ја избравте ледената пештера, тоа значи дека сте поминале премногу долг период барајќи емотивна топлина. Се плашите да не бидете разочарани, па затоа претпочитате да останете сами. Сепак, верувајте дека за вас следува прекрасен период во кој ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот и ќе ги отстраните овие бариери од вашиот ум.
Врата бр. 4
Вие сте многу чувствителни и секогаш премногу се грижите за останатите. Лојални сте, но овој ваш квалитет не секогаш другите умеат да го ценат. Оваа врата укажува на фактот дека вам најважна ви е сигурноста во домот, како и финансиската сигурност. Сепак клучот до вашата среќа лежи во вашите најблиски, бидејќи не заборавајте дека со нивната поддршка може да успеете многу.
Врата бр. 5
Вие имате силно развиена емоционална интелигенција, но сепак треба да престанете да се плашите и да бидете под стрес за секој мал проблем. Решението побарајте го во вашето срце и чувства и секогаш изберете го и правете го она што ве прави најмногу среќни.
Врата бр. 6
Вие сте продуктивна личност, која секогаш успева да ги реализира нејзините цели. Но, сепак вашата среќа ќе биде исполнета до максимум, кога на момент ќе заборавите на обврските и ќе си го земете потребниот и заслужен одмор.