Среќни и покрај сè: Хари и Меган заблескаа на нивниот последен кралски настан – Војвотката воодушевува во црвено!
Како цел свет да е против нив – Одлуката на младиот пар да се оддели од кралското семејство и да се откаже од нивните кралски должности предизвика лавина од негативни реакции и коментари речиси насекаде.
Дури и самите нивни семејства се свртеа против нив – таткото на Меган остро реагираше на оваа новост, а пак, кралицата му одзема бројни привилегии на нејзиниот некогашен омилен внук.
Но, очигледно, ништо не може да ја сруши силната и цврста љубов. Младиот пар се појави на нивниот последен кралски настан, односно церемонија по повод доделувањето на наградите на фондацијата Индевер, за постигнувањата на болните и ранетите британски војници.
Меган и Хари изгледаа подобро од било кога, а војвотката едноставно блескаше во впечатлив црвен фустан.