Најефикасната домашна маска за затегнување и измазнување на вратот
Во борбата против стареењето, вообичаено повеќето од нас се трудат колку што е возможно повеќе да нанесуваат серуми, потхранувачки креми и навлажнувачки маски, со цел кожата да изгледа помладо.
Иако на почеток, знаците на стареење не се значаен проблем, сепак кога ќе се појават длабоките брчки, особено на видливи места како вратот.
Но, без грижи, во продолжение ви го претставуваме најефикасното природно решение, кое уште денес може да го подготвите во домашни услови, благодарение на кое, кожата на вашиот врат ќе ја врати својата еластичност и блескавиот изглед.
Домашна маска за зајакнување на еластичноста на кожата на вратот
Потребни состојки
- 2 супени лажици мед
- 1 жолчка
- 1 супена лажица бадемово масло
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги сите состојки заедно. Следно, земете тенка крпа или салфетка и потопете ја во вода, а потоа потопете ја и во претходно добиената смеса. На овој начин поставете ја маската на вратот и оставете ја да дејствува 20-30 минути.
Совет: Пред употреба на маската, подгответе топла облога (крпа потопена во топла вода) и истата поставете ја на вратот, за да ја подготвите кожата за апсорбирање на чудесните својства на маската.
Зошто оваа маска е ефикасна?
Медот ја затоплува кожата, ги активира метаболичките процеси и ја потхранува кожата со корисни микро и макро елементи.
Жолчката содржи огромно количество на холин, кој игра клучна улога во активирањето и обновување на мембраните на клетките на кожата.
Бадемовото масло интензивно ја потхранува и навлажнува кожата, ја измазнува, притоа и ја обновува нејзината еластичност.