Фазите на Месечината влијаат на речиси сите работи во природата, врз животот и самите нас луѓе. Факт е дека при состојба на полна Месечина некои луѓе чувствуваат како да го губат разумот.

Односно, чувствуваат немир и неспокојство, притоа манифестирајќи непознати страни од нивниот карактер. Токму со ваква состојба, за време на оваа фаза на Месечина, ќе се соочат следните 3 хороскопски знаци:

1. Стрелец

Стрелците, кои инаку важат за најотворениот хороскопски знак, најлесно ќе падне под влијанието на полната Месечина. Целата слобода која толку многу ја посакуваат, наеднаш ќе излезе надвор од контрола. Стрелецот ќе стане ранлив и емотивен повеќе од вообичаено, дури и параноичен, но ова ќе биде краткорајно и истиот повторно ќе ја врати својата сила.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Вага

Полната Месечина ќе го наруши мирот на Вагите, кои се сметаат за најхармоничниот знак во хороскопот. Иако Вагите се навикнати да држат се под контрола и да живеат во стабилност, оваа месечева фаза ќе ги поттикне конечно да ги ослободат чувствата и лудите идеи, кои премногу долго ги потиснуваа во себе.

3. Јарец

Полната Месечина воопшто нема да им биде пријатен период ниту на Јарците. На површина ќе излезат нивните најсокриени чувства, кои веќе нема да може да ги контролираат и понекогаш припадниците на овој хороскопски знак ќе чувствуваат како да го губат разумот. Но, позитивното во сето тоа е што Јарците имаат способност сето ова да го претворат во златно искуство.