Збогум на кралскиот живот! Меган Маркл со солзи во очите на нејзината последна забава во дворецот
Откако официјално го напуштија Лондон и се откажаа од нивниот кралски статус, принцот Хари и војвотката Меган не престанаа со нивните изјави колку сега се посреќни, далеку од медиумското внимание.
Но, парот беше повикан од кралицата Елизабета Втора, според протоколот, да ја исполнат нивната последна кралска обврска и да присуствуваат на последната нивна церемонија.
За време на последниот ангажман, Меган Маркл се збогуваше со сите нејзини вработени во кралското семејство, при што од фотографите беше забележана со солзи во очите.
Многумина оваа нејзина реакција ја протолкуваа како нејасна, бидејќи војвотката упорно тврди дека сега се многу посреќни, живеејќи во Канада.