По неочекуван телефонски повик, сопругата веднаш стави крај на бракот после 20 години
„Со сопругот сме заедно веќе 20 години. Се запознавме како студенти, учевме заедно и секогаш се трудевме да имаме стабилен однос и поминавме многу работи заедно.
Се подразбира, низ сите тие години, понекогаш ќе се скаравме, понекогаш со денови не зборувавме.“ – вели сопругата која го доживеала најголемиот кошмар.
„Мојот сопруг има тежок карактер и доколку нешто не му се допадне, тој нема да молчи. Тој е доста строг човек и е навикнат да шефува на работното место. За жал, тие навики ги носи и дома. Веќе му е тешко да се контролира. Но, јас не сум негова подредена, за да тој го повишува тонот на неговиот глас и ми упатува секакви епитети.
Тој обожава да патува со пријателите и да спортува. Секоја неделна вечер оди да игра со неговото друштво. Секогаш ми вели да не го чекам и дека ќе се врати доцна, а потоа ја затвора вратата и заминува.
Се подразбира, ниту нашиот интимен живот не е ист како порано. А и кога толку време сте заедно, се изморувате физички, како и психички. Особено кога веќе меѓу вас не постои согласување и интересите ви се целосно различни.
Јас сум домаќинка. Обожавам да готвам, да шијам и да се занимавам со некои мои работи. А тој многу повеќе време сака да поминува надвор, или за работа, или за нешто друго, при што се гледаме многу ретко, а тоа веќе се забележува многу во последните години.
Еден ден, заѕвоне телефонот. Од другата страна слушнав пријатен женски глас. Првично, таа замолче, но потоа одлучно ми рече: „Јас сум поранешна вработена на твојот сопруг. Тој ми беше шеф и одреден период бевме интимни. Пред еден месец бев приморана да дадам отказ, бидејќи на работното место дојде нова девојка, која всушност ми беше новата љубовница. Сакам да знаете на што сте со вашиот сопруг. Го пронајдов вашиот телефонски број и решив да ви се јавам.“
Интересното е што сега тој со новата љубовница се состанува на истото место, каде беше со мене, во еден мал хотел, а сигурна сум дека и бројот на собата е истиот.“ – рече вработената.
„Ми ја даде адресата на хотелот. Беше недела и мојот сопруг повторно имаше закажано игра со пријателите. Повторно ми рече да не го чекам, бидејќи доцна ќе се врати, а потоа излезе. Но и јас исто така се подготвив за излегување. Сакав да веднаш да го посетам хотелот.
Кога отидов таму, автомобилот на мојот сопруг стоеше на паркингот. Кога тропнав на вратата од собата, слушнав чекори, а потоа и самоуверениот глас на мојот сопруг: „Ја донесовте нарачката? Колку брзо, не поминаа ни 5 минути!“
Вратата се отвори и веднаш ја забележав неочекуваната реакција на мојот сопруг. Љубовницата запраша каде е нарачката, но веднаш објаснив дека јас сум неговата сопруга и дека таа слободно може да си замине. И таа беше изненадена, а откако тој ѝ потврди дека тоа е точно, девојката си замина.
А тој…Тој и понатаму стоеше на средина од собата, како замрзнат. Го прашав зошто молчи, а потоа ми рече:
„Што да ти кажам? Веднаш поднесувам молба за развод. Но, само да ти кажам дека нема толку лесно станот да ти го дадам.“
Се свртев и си тргнав, а тој остана само во собата и не сфати дека е сиромашен во срцето. Со ова заврши нашиот заеднички живот од 20 години, а 20 години се многу време за ваков беден крај.“ – на крај додаде жената.