„Веќе немам неудобни чевли со висока потпетица“ – Трик од 2 секунди кој открива дали ќе бидат удобни, пред воопшто да ги купите
Чевлите со висока потпетица се едно од најомиленото модно парче на речиси сите дами, но истите колку и да изгледаат привлечно, може да бидат екстремно неудобни.
Токму денес ви откриваме како да уживате во нивното носење, без воопшто да чувствувате болка.
Станува збор за многу едноставен трик кој нема да ви одземе повеќе од 2 секунди. Сè што треба е да го погледнете и измерите растојанието меѓу потпетицата и самата основа, како што е прикажано на следната фотографија.
Доколку нивното растојание е 3 центиметри и повеќе, обувките ќе бидат неверојатно удобни, а растојанието помало од 2,5 центиметри укажува на голема неудобност.