Подгответе си лек со домашна ракија и кажете збогум на болките во зглобовите
Во летниот период не е невообчаено да забележите отекување на зглобовите. Затоа преземете превентивни мерки и направете лек кој ќе ве спаси од оваа мака.
Состојки:
– 1 рака суво лисје од коприва
– 1 рака сув магдонос
– 1 литар лозова ракија
Подготовка:
Сите овие состојки ставете ги во стаклена тегла која што убаво ќе ја затворите и ќе ја оставите на отстои на топло место од 15 до 20 дена. Потребно е секој ден да ја промешувате смесата во теглата. Потоа кога ќе измине потребниот период оваа ракија нека ви служи како облога за отечените зглобови.