13-те нешта кои мојата мајка ме научи и кои еден ден сакам да ја научам и мојата ќерка
Џина Мејџерс е горда мајка на две девојчиња, од кои, едната ќерка штотуку наполни 18 години. Таа вели дека е неверојатно чувството да се огледаш во нејзините очи, но дали сте се запрашале какви совети би и дале на оваа возраст?
За таа цел, мајката подготвила листа од 13-те работи кои таа ги научила од нејзината мајка и сега сака да ги пренесе на својата ќерка:
13-те златни работи кои секоја девојка и жена треба да ги знае
- Сакај се себеси на прво место.
- Не со секој проблем иде крајот на светот.
- Избери ја својата главна битка, не сите заслужуваат да се бориш за нив.
- Никогаш не се споредувај со другите, тие никогаш нема да бидат како тебе.
- Научи да велиш „не“ и не се плаши да го употребиш овој збор.
- Во животот треба да ја напишеш својата приказна, па потруди се страниците да ги исполниш со среќни моменти.
- Никогаш не трчај по еден маж. Правилното е тој тебе да те освои.
- Биде среќа и исполнета во својата сопствена улога и не плаши да се останеш сама.
- Не се плаши да погрешиш, од грешките се учи.
- Плачи кога има потреба од тоа, а во солзите пронајди ја твојата нова сила.
- Ти можеш многу повеќе отколку што мислиш.
- Ти си прекрасна и не дозволувај никој да те натера да се чувствуваш поинаку.
- Животот се состои само од денес, сега во моментот. Не можеш да го контролираш она што се случило вчера или што ќе се случи утре. Сето кое ти треба е денес и така едноставно биди среќна.