15 Совети за подобар сон и лесно будење
Дали некогаш Ви се случило да се чувствувате изморени цел ден и само сакате да си легнете, но кога ќе легнете на креветот… не ви се спие! Постојаниот стрес и штетните навики водат до проблеми со спиењето, а од несоница страдаат милиони. Но не очајувајте, можеби има решение за Вашиот проблем.
Ние избравме 15 совети кои ќе Ви помогнат да ја победите несоницата, да се одморите квалитетно и да се разбудите лесно наутро.
1. Потребни часови за спиење
Оптимално време за спиење варира кај секој човек, но обично на возрасните им треба 7-8 часа спиење. Ако спиете помалку, ненаспаноста ќе влијае на вашата работа и постојано ќе се чувствувате поспан. Затоа, ако следниот ден треба да станувате рано, легнете си навреме.
2. Пијте кафе само наутро
Може да ви се чини примамливо да испиете една чаша кафе попладне, кога почнува да ви се приспива, но ние ве советуваме да не го правите тоа. Кофеинот ја отежнува апсорпцијата на аденозин, кој помага за опуштање на телото и за полесно заспивање. Затоа заборавете на кафето после пладне.
3. Дишете чист воздух
Овој совет е добар за сите среќници кои живеат опкружени од природа. Половина час пред спиење одете на прошетка. Не бидете мрзеливи и правете го тоа секоја вечер, ќе видите како одеднаш ќе почнете да спиете подобро. Лесните вежби всушност ни помагаат да заспиеме, па ако не ви се шета, можете да вежбате малку јога.
4. Испијте нешто топло
Завршете ја прошетката со чаша чај. Камилицата е многу добар избор, а некои сакаат да пијат какао пред спиење. Единствено треба да внимавате во овие пијалаци да нема кофеин.
5.Користете повеќе перници
Според експертите позицијата на перниците може да ви помогне да заспиете и на тој начин да го намалите притисокот врз ‘рбетот. Ако спиете на грб, ставете перница под колената и грбот. Ако спиете на една страна, ставете перница меѓу нозете. Ако спиете на стомак, ставете перница во долниот дел на стомакот.
6. Не спијте со домашните миленици
Без сомнение вашиот миленик е член на семејството, но да му дозволите да спие до вас, не е добра идеја. Според истражувањата 64% од луѓето кои преферираат да спијат со животните, имаат проблеми со спиењето.
7. Ставете лук под перница
Не, нема да бркаме вампири на овој начин. Ставањето на лук под перницата е трик, познат уште од античките времиња. Овој метод е ефикасен, бидејќи лукот одвојува сулфурни соединенија кои Ве смируваат и помагаат да заспиете.
8. Исклучете ги електронските уреди пред спиење
Флуоресцентна светлина која уредите ја емитуваат, е многу штетна. Ритмичноста на нашиот сон се контролира од хормонот мелатонин, кој започнува да се произведува кога нема светлина. Ако користите уреди пред спиење, вие ја нарушувате синтезата на хормонот и на тој начин му штетите на Вашиот сон.
9. Чувајте лаванда во домот
Лавандата е позната по своето смирувачко дејство. Ставете од цветот во вашата соба или користете ароматични масла.
10. Прочитајте го упатството на лековите кои ги земате
Внимателно прочитајте ги упатствата на лековите кои ги земате? Можеби не можете да заспиете, бидејќи некој од нив предизвикува несоница.
11. Не вртете се во креветот
Не можете да заспиете повеќе од 20 минути? Не се вртете се напразно во креветот. Станете и направете нешто пријатно. Читајте книга или слушајте релаксирачка музика.
12. Пратете ја температурата во собата
Препорачливо е температурата во собата ви да е околу 16-20 степени. Застојаниот воздух и жегата ќе ве спречи да заспиете.
13. Користете ја спалната соба само за спиење
Ако ја користите спалната соба за канцеларија, фитнес или за дневен престој, мозокот нема да ја прифати како место за одмор. Најдобро распоредете ги сите овие активности во други простории на вашиот дом. Спалната соба треба да се користи само за одмор … и секс!
14. Одморете во текот на денот
Ако можете да си дозволите, поспијте малку во текот на денот. 10-30 минути се доволни за да се чувствувате одморено. Гледајте да не спиете со часови, бидејќи така ќе влезете во фаза на длабокиот сон и потоа тешко ќе заспиете навечер. Ако се чувствувате виновни за попладневната дремка, треба да знаете дека 85% од цицачите спијат по неколку пати во текот на денот. Луѓето се едни од ретките цицачи кои го поделиле денот на две половини – за спиење и за работа. Експертите, сепак не се сигурни дали тоа треба да е точно така, многу од нив сметаат дека попладневната дремка е корисна и својствена за човекот.
15. Не заборавајте на магнезиумот
Магнезиумот игра клучна улога за добро спиење. Експертите советуваат да вклучите во Вашата исхрана храна богата со магнезиум, или да земате додатоци во исхраната кои се пијат половина час пред спиење.