„Оваа домашна смеса ја промени состојбата на мојата кожа – Ги отстрани сите акни и несовршености како со гума за бришење“
Иако постојат бројни начини за третирање на акните, повеќето дерматолози се едногласни дека како најефикасни се докажани состојките како бензиол пероксид и салицилната киселина.
Но, истовремено, маслото од чајно дрво важи за незаменливо природно средство во борбата против акните, благодарение на неговите моќни антибактериски и антигабични својства, со што значително ги намалува акните и ги ублажува воспаленијата, притоа правејќи ја кожата неверојатно беспрекорна.
Домашен лосион против ефикасно елиминирање на акни
Потребни состојки
- 1 супена лажица градинарски чај
- 1 кафена шолја врела вода
- 6 капки масло од чајно дрво
Начин на подготовка и употреба
Додадете го градинарскиот чај во врелата вода, почекајте 5 минути, а потоа прецедете. Откако чајот ќе се излади, додадете 6 капки од маслото од чајно дрво и добро измешајте ја смесата.
Со користење на памучен туфер, нанесете го домашниот лосион на вашето лице. Практикувајте го третманот 2 пати дневно, а кога лосионот целосно ќе се апсорбира во кожата, нанесете од вашата дневна крема за лице.