Доколку немате печено леб, поради одреден страв од неговото приготвување, тогаш следниот лесен рецепт е совршен за вас! Можете секој ден да ги радувате најблиските со неговите чудесни вкус и мирис!

Домашен леб

Доколку немате печено леб, поради одреден страв од неговото приготвување, тогаш следниот лесен рецепт е совршен за вас! Можете секој ден да ги радувате најблиските со неговите чудесни вкус и мирис!
Total Time4 hours
Course: закуска
Cuisine: Француска
Клучни зборови: домашен леб, леб
Servings: 4

Ingredients

  • 530 гр пченично брашно
  • 420 мл вода
  • 10 гр квасец
  • 1 кафена лажица сол

Instructions

  • Растворете го квасецот во топла вода (37-39°C). Пресејте го брашното во длабок сад, а потоа додадете ја солта и исипете го растворениот квасец. Замесете го тестото со средна конзистенција.
  • Покријте го садот со фолија, притоа да има мал проток на воздух и оставете го тестото да отстои 2 часа на собна температура.
  • За 2 часа, тестото треба да се зголеми двојно, а на неговата површина ќе се појават многу меурчиња. Не заборавајте дека ќе имате тесто, без да мора да го месите и да правите ништо. Покријте го садот и складирајте го тестото во ладилникот да отстои во текот на ноќта.
  • Наутро земете го потребното количество од тестото, а за да истото ви се лепи помалку, нанесете малку брашно на вашите дланки. Откако ќе ставите и тестото во брашно, формирајте топка. Поставете го тестото во сад за печење, врз хартија за печење, врз која е нанесено брашно и оставете го тестото да отстои уште 40-60 минути. Нема потреба да го покривате, а во меѓувреме предвремено загрејте ја рерната до 235°C.
  • Направете 3 засеци на тестото и поставете го заедно со хартијата за печење, во рерната на средната полица. На долната полица поставете друга хартија за печење и врз истата додадете 1,5 супени лажици врела вода, за да се создаде ефект на пареа. Печете го лебот 45 минути, а потоа извадете го од рерна и оставете да се излади.
  • Тестото за овој домашен леб може да се складира во ладилникот 2 недели, при што на овој начин може да испечете свеж леб во секое време.