Со помош на куркума отстранете ги засекогаш несаканите влакна од лицето
Куркумата е многу ефикасна при чистење на кожата, таа ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите, со што се намалуваат и акните на лицето и се зголемува сјајот на кожата.
Примена:
Ставете ја куркумата на саканата област во правец на растот на влакната и оставете ја да отстои така 20 минути. Потоа избришете со чиста памучна крпа или четка, која што претходно сте ја натопиле во млака вода. На почетокот местото може да биде црвено, но тоа набрзо ќе исчезне.
Повторувајте го овој третман 3 до 4 пати неделно во тек на еден месец, а вашите влакна ќе се изретчат, ќе бидат посветли и на крај ќе исчезнат.